Постои научно докажана причина зошто мажите се привлечени од големите женски задници

Денес сите жени посветуваат големо внимание на изгледот на задникот, затоа што мажите отсекогаш се сконцентрирани на овој дел од телото и тоа од една јасна причина. Исто така не треба да се занемарат и градите и колковите, но повеќе да се задржиме на делот со задникот и воедно да го анализираме машкиот мозок кога станува збор за оваа тематика.

Не секој задник е подеднакво привлечен. Најголем број на мажи почесто се загледуваат во големи и добро обликувани задници, затоа што се директна асоцијација за здравје и плодност.

Од ден на ден се повеќе се промовираат големите задници. Заради јавните личности како Ким Кардашијан и Џеј Ло, жените сакаат да имаат што поголеми задници и на тој дел од телото му посветуваат огромно внимание.

Како што веќе знаеме сите отсекогаш за мажите биле привлечни жените со големи задници, но едно истражување докажало дека не е токму тој заден дел најпривлечен за мажите.

Истражувачите во областа на психологијата од Универзитет во Турција, на 300 мажи им претставиле слики од силуети на женски фигури со различни облини. Потоа побарале од мажите да одберат кои од нив сметаат дека се најпривлечни а кои се најмалку привлечни.

Истражувањето покажало дека поголемиот дел од нив биле повеќе наклонети кон оние кои имале закосеност на ‘рбетот од 45 степени, бидејќи тоа прави задникот на жената да изгледа значително поголем.

Исто така, им биле покажани и три слики од жени чиишто задници биле иста големина, но поради различна причина како што се: лакот на ‘рбетот, вишокот на масти и вишокот на мускули. Жената која имала закосеност на ‘рбетот била прогласена за најпривлечна.

Ова довело до тоа истражувачите да заклучат дека токму аголот на рбетот, а не големината на задникот е оној кој има најголемо влијание и ги привлекува мажите.

Dr. David Lewis вели:

Мажите кои сметаат дека сакаат големи задници, сепак тоа повеќе се однесува на лакот на ‘рбетот. Мажите своето внимание го насочуваат кон задникот, но всушност станува збор за степенот на лакот на ‘рбетот, а тие дури не се ниту свесни дека се работи за тоа.

Низ вековите мажите сметале одреден специфичен степен на искривеност за привлечен, а тоа се должело на ефектот кој го имал врз жената, односно способноста на жената да пронајде храна и да раѓа деца.

Dr. Lewis вели дека поставеноста на ‘рбетот од 45 степени им дозволува на жените да бараат храна и во подоцнежната бременост и да имаат повеќе деца без да го повредат грбот.

Жените кои го немаат овој наклон на рбетот едвај можат да се движат во периодот на бременоста, на тој начин се зголемува притисокот на колковите дури за 800%. Па така, од нешто што претставувало еволутивен бенефит за жените сега се всадува и во умовите на мажите.

Од сето ова може да заклучиме дека машкиот ум е програмиран да верува дека жената со голем задник и заоблен рбет е идеален партнер.

Извор: Мајкати и татко ти