Потребата за спиење во текот на денот може да биде знак за Алцхајмерова болест

loading...

Дремките во текот на денот можат да бидат рани знаци на Алцхајмерова болест, покажа ново истражување.

Истражување во кое учествувале 300 пензионери, покажало дека оние кои биле поспани во текот на денот имале поголемо ниво на акумулирани амилоиди во мозокот, што е главна причина за создавање на Алцхајмерова болест.

Научниците веруваат дека тоа се случува бидејќи човечкиот мозок ослободува амилоиди додека телото спие.

Научници од клиника во Минесота, истакнуваат дека прекумерната потреба за сон во текот на денот кај постари лица, би требало да биде сфатена како предупредување.

Во истражување, кое е спроведено од 2009 до 2016 година, учествувале 283 лица постари од 70 години. На почетокот на истражувањето ниту еден учесник не страдал од Алцхајмерова болест.

Докторите го оценувале нивото на нивната поспаност и преку скенер ја следеле работата на нивните мозоци.

Кај петтина од пациентите кои чувствувале поспаност во текот на денот, нивото на акумулирани амилиоди во мозокот бил зголемен.

Воочена е поврзаност со дел од мозокот одговорен за учење, емоции и паметење.

„Раното воочување на проблемите со поспаноста и лечењето на пореметувањето на сонот, доведува до намалување на нивото на амилоиди“, објаснуваат научниците.

Додкторката Барбара Бендлин од Универзитетот Винсконсин Медисон, вели дека рано откривање на првите знаци би можело да ја спречи или дури одложи појавата на Алцхајмер.