Потресна исповед на Лепа Брена: За откуп на Стефан ми бараа 2,5 милиони марки или 5 милиони за неговиот труп!

loading...

Сопственичката на Гранд раскажа како пред 18 години киднаперите и порачале дека ако не плати два ипол милиони марки за откупот на Стефан, ќе плати двојно повеќе за неговиот труп.

Грабнувањто на Стефан, синот на Лепа Брена и Боба Живојновиќ и натаму е тема за која често се полемизира.

Пејачката и некогашниот тениски ас таа 2000 година пет дена не знаеја дали синот им е жив, а ни 18 години подоцна не е утврдено кој го киднапираше.

Има обезбедување

Сопственичката на Гранд не сака да раскажува за овој немил настан, но во емисијата „Прес претрес“ на водителот Синиша Медиќ откри дека киднаперите дури и барале пари и за трупот на Стефан.

-Мене детето ми е киднапирано во 2000 година. Од тогаш за мене материјаното нема никакво значење. Она што можеш со пари да го купиш не е важно. Нам ни бараа 2,5 милиони марки за жив и пет милиони марки за мртвиот Стефан. За што сега да ви зборува… Сите каднапирања се откриени, само не е откриено кој му го направи тоа на момето дете. Јас сум жена која повеќе од ништо не се плаши. Секако дека имам обезбедување, но тоа се професионални луѓе кои не се гледаат, а кои точно знаат што треба да прават, објасни пејачката.

Да потестиме, пред неколку години е обелоденет разговорот меѓу Живојиновиќ и киднаперите:

-Господине и госпоѓо Живојновиќ, вашиот син Стефан се наоѓа кај нас. Кон него ќе се однесуваме човечки додека вие сте коректни. Нема да му фали влакно од главата, наведоа киднаперите во првата порака.

Нерешено: Пет верзии за ослободувањето на Стефан

Постоеја пет верзии за грабнувањето на Стефан. Според првата, него дома го донел таксист откако после примопредавањето киднаперите го оставиле на Калемегдан. Втората приказна е дека детето е прадедено на пејачката, која била на нишан на снајперисти додека Боба ги предавал парите на киднаперите на Нов Белград. Трета верзија е дека Брена била на нишан на снајперист на нишкиот автопат, каде го презела синот. Некои медиуми шпекулираа дека примопредавањето е направено во околината на Дубровник. Според петтата верзија, Брена под снајперски нишан со помладото дете била паркирана на автопатот кај Тошин бунар, а нејзиниот сопруг ги оставал парите на дадена локација, а киднаперите босоногиот Стефан го оставиле на Калемегдан.

Набрзо и стигнало предупредување да не им падне на памет да повикаат полиција.

-Стефан можете да го земете на два начини. Жив за 2,5 милиони марки. Мртов за 5 милиони марки. Во случај на втората варијанта, ќе го откупувате телото на детето дел по дел, се заканија киднаперите кои на Живојиновиќ им оставија рок од 2 дена за да ги соберат парите.

-Доколку по 3 дена не слушнеме глас, ќе сметаме дека ја одлоговлекувате исплатата. За секој ден задоцнување, Стефан ќе има по еден прст помалку на раката, а ако за 10 дена нема оглас, Стефан мртов ќе го откупите, се закануваа киднаперите.

Пикнат во автомобил

Живојновиќ не губеа време, туку ги собираа парите за Стефан да го вратат жив.

Постоеја сомненија дека припадници на „земунскиот клан“ биле вмешани во киднапирањето на синот на Брена, но тоа никогаш не е докажано.

Да потсетиме, целата јавност се крена на нозе на 23 ноември 2000 година, кога тогаш осумгодишниот Стефан е пикнат во автомобил пред семејната куќа на Бежанијска коса и однесен во непознат правец.

Стефан: Ќе снимам филм за киднапирањето

Стефан Живојновиќ не раскажува често за киднапирањето. Меѓутоа сега одлучи да сними филм за тоа.

-Никогаш не сум сакал, ниту сега сакам некој да ме сожалува поради тоа, зошто на некои луѓе им се случија многу погрозни работи. Јас одлично поминав со оглед на тоа што се можеше да се случи. Му благодарам на Бога за тоа. Иако имав само 8 години, тоа ќе биде запечатено за цел живот. Тоа со зборови не може да се опише. Затоа ќе направиме реконстукција на целиот настан, ќе ангажираме актери и ќе ја опишеме целата ситуација.