Познатиот актер итно опериран во Љубљана

loading...

Познатиот актер и продуцент Бранко Ѓуриќ Ѓуро итно бил опериран во Љубљана, откако извесно време се жалел на константни болки, пренесуваат српските медиуми.

Наводно, станува збор за помал хируршки зафат, а операцијата била изведена пред два дена и сега актерот се чувствува добро.

Не е познато за каква операција поточно станува збор, но Бранко Ѓуриќ извесно време ќе бил на боледување.

Актерот рекол дека по закрепнувањето ќе продолжи со својата хит претстава „Ѓурологија“, а во план имал и други проекти.