Познатиот македонски пејач си замина од Македонија – Фото

Со години во македонија во пораст е трендот на иселување на младите од нашата земја, а како една од можните земји секако е „ветената земја“ Америка! Иако својот тален го докажаа во нашата земја, сепак тоа не беше доволно за тука и да останат. Листата е долга и да ги вброиме Ламбе Алабаковски, Анета Наковска, Оливера Ѓоргоска, Франц групата „Нокаут“, Јован Јованов и многу други, а сега можеме да додадеме уште еден.

По неколкуте години на борба за опстанок на македонската музичка сцена поп-пејачот Дарко Илиевски неодамна со сопругата Ивана се пресели на Флорида. Тој на својот Инстаграм профил се пофали дека се веќе во Америка и дека уживаат на плажа.

„Се секираме во плиткото“, напиша Дарко под фотографијата.