ПРАВИ ПО 3.000 ЕВРА МЕСЕЧНО: Томислав работи на црно во Германија и открива како функционира целиот систем

Германските компании ги ангажираат нашите луѓе за да им носат работници на црно. Да речеме дека германска фирма има градежен проект кој мора да се заврши во одреден рок и потребни им се работници за да се испочитува рокот без да се платат превисоки трошоци кон државата – вели Томислав за српски Телеграф.

Овој хрватски воен ветеран, кој од пред шест години е пензиониран полицаец, пензионерските години ги поминува така што од два до три пати годишно оди во Германија. Тој објаснува како целата работа на црно функционира таму.

Поради неможноста да работи полно работно време – бидејќи е пензиониран, тој во Германија се решил да замине по илегални канали.
“90 проценти од луѓето кои илегално работат во Германија се занимаваат со градежништво, најчесто работат на адаптација на станови и куќи, на работи поврзани со уредување на животната средина, одржување на паркови и шуми…“ – вели Томислав.

Тој вели дека германските компании ангажираат неколку луѓе кои се одат во Хрватска и ангажираат од 10 до 50 работници. Тие одат во Германија и работат на поставување на водна инсталација, струја, канализација, фасади и слично. Речиси никогаш не работат на отворено за да не бидат забележани. Тие добиваат сместување и храна, а саатницата се исплаќа до цент – како што е договорено. Често се добива и награда за успешно завршена работа.

Бидејќи станот и храната се најчесто обезбедени, тој вели дека може да се заработат дури 2.000 евра чиста пара. Патните трошоци се покриваат со саатниците кои се добиваат по саботите.

“Се работи и во сабота, меѓутоа се зема дупла дневница – се случува понекогаш да заработам до 200 евра. Се работи по 10 часа, а со две работни саботи го покривам целиот трошок за патување. Останатите пет дена во неделата ги работиме од 8 до 10 часа и така месечно заработуваме од 1.800 до 2.300 евра во зависност од тоа што работиш. Еднаш ми се посреќи и заработив дури 3.000 евра бидејќи човекот што не ангажираше многу коректно не плати. Тие што ја знаат својата работа заработуваат од 2.500 до 3.000 евра по тура“, додава тој.