ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – НЕ ОДЕТЕ НА ПАТ: СНЕЖНО НЕВРЕМЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЛАТА ПОКРИВКА ДУРИ ЗА ОКОЛУ 50 ЦМ – ДЕТАЛИ

loading...

Под влијание на силен циклон како што веќе најавивме врнежите полека од запад се шират и во останатите предели на државава и се интензнивираат.

Најмногу врнежи ќе има на запад, локално на југоисток и исток ( нови над 30 л/м2 вода). Ќе има услови и за ретка нестабилност проследена со грмежи.

На повисоките места и на планините ќе има ИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи каде на запад и северозапад на планините снежната покривка ќе се зголеми дури и за околу 50 цм.

На север, северозапад, запад и на југозапад врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има и во некои од котлините каде има услови да се формира бела покривка.

Како што и претходно најавивме ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи растат условите за зголемување на нивото на водотеците, реките и езерата низ државава па затоа на возачите ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку патуваат покрај водотеците во случај на нивно излевање.

Оние пак кој планираат да патуваат и одат на планина или скијачки центри да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не се шетаат низ планините во случај на интензивни снежни врнежи. Исто така крајна претпазливост и доколку патувате низ планинските превои.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.