Прегазено 9 годишно дете во Чаир

Со тешки повреди, фрактури на две коски на лева подлактица се здобило 9 годишно дете во сообраќајна несреќа која се случила вчера во Скопје.

Од МВР  информираат дека несреќата се случила попладне на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир кога автомобил „Форд Фокус“ управуван од Ѓ.Ф. (59) удрил во деветгодишното дете пешак.

Повреденото дете е задржано на лекување на ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде случајот бил пријавен во полиција која работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here