СПРЕМЕТЕ СЕ – Температурите паѓаат во негатива, ќе мрзне а ќе провејува снег и понатаму

loading...

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна од северните географски широчини доцна попладнево и вечерва температурите на воздухот значително ќе опаѓаат така да истите веќе ќе се спуштат во негатива со што треба да обратете крајна претпазливост на влажните коловози а поради ова крајно внимание треба да обратат и пешаците.

Особено на запад ќе провејува и снег а таквата ситуација ќе се задржи и утре (четврток) што значи повремени послаби врнежи од снег ќе има на запад и на југозапад.

До утре (среда) наутро температурите на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -7 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Ќе започне да дува и умерен северен и североисточен ветер кој повремено ќе се засилува по интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.