Програмери од Македонија направија нова апликација која ги поврзува туристите на Балканот со локалците

Доколку некогаш сте патувале во странство, најверојатно сте уплатиле тура во некоја од туристичките агенции. Ова нова апликација направена од програмери во Македонија цели да направи нешто поразлично. „When in X “ го добива името од популарната изрека “When in Rome, do as the Romans do” (кога сте во Рим, правете го она што и самите римјани го прават), а целта е поврзување на туристите од Балканските земји со локалните водачи кои со нетрпение чекаат да го раскажат своето искуство.

Апликацијата „When in X“ беше развиена од Македонската компанија Webgliders кои како ентузијасти решија да направат свој сопствен продукт. Со помош на нивната апликација посетителите можат да истражуваат активности, настани и најразлични културни искуства кои се одржани од локалното население. За разлика од туристичките агенции, оваа апликација ги поврзува туристите директно со локалците кои се дел од нивниот сервис.

when-in-X-paragliding-activity

Започнувајќи од планински велосипедизам преку параглајдерство, па се до фотографирање на дивата природа, апликацијата „When in X“ се обидува да ги издвои најзначајните локални активности.
„Само доколку се измешате и спријателите со локалното население ќе се почувствувате дека сте биле во тоа „Х“ место“, вели Антонио.

when-in-X-promotional-image

„На овој начин ќе им се помогне и на локалните туристички водичи да изградат подобар мал бизнис, а со тоа позитивно ќе се влијае и на локалната економија во целост“, додава Антонио.

Првото скалило на „When in X“ е да го покрие целиот Балкански регион, за потоа да може да се шири и на останатиот дел од Европа до крајот на 2019 година. Апликацијата можете да ја симнете на Аpp Store и на Google Play Store.