Работник падна од покрив на зграда во Центар

loading...

Попладнево од засега непознати причини, работник падна од покривот на зграда во центар. Екипа на итната медицинска помош интервенирале по повик од граѓани. Настанот предизвика вознемиреност кај случајните минувачи и жителите на околните згради.

Се работи за една од зградите спроти Министерството за правда, дел од проектот на општина Центар за реконструкција на фасадите.