Разбојништво врз лице вработено во фирма во Гази Баба

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз лице вработено во фирма на ул. „Лазар Поп Трајков“ во општина Гази Баба.

МВР информира дека разбојништвото во Полициската станица Гази Баба го пријавил  З.И. од Скопје, сопственик на фирмата.

Сторителите влегле во објектот и со закана со огнено оружје ја врзале вработената. Едно од лицата ја чувало, а другото лице извршило претурање и пребарување по канцелариите, по што заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.