Разговор со Златко Николовски: Колку скопјани се грижат за својот изглед и зошто е потребен фитнес тренер

Не постои човек што не сака да изгледа поубаво и поздраво, а физичката активност и тренингот секако се клучниот дел за остварување на таа цел. Дали сакате да излезете и да испешачите некој километар како релаксација или можеби преферирате да го земете својот автомобил и додека одите во продавница? Во последно време гледаме дека се повеќе се шири трендот на фитнес вежбање во теретана, но дали скопјани навистина сакаат да се грижат за своето здравје или пак само сакаат набрзина да изградат мускули кои ќе ги покажуваат низ градот? На оваа тема разговараме со Златко Николовски – професионален фитнес тренер во Скопје.

11223952_10207069489908446_6259458460135622591_n

Златко е екс одбојкар и репрезентативец, кој веќе 3 години работи како личен тренер, а вели дека целата своја младост ја поминал вежбајќи во теретана. Своето знаење го надополнивал и во Малта каде претстојувал три месеци.

zlatko-670x670

Најпрво за сите они кои не знаат, кажи ни што значи тоа да се има личен тренер?

– Личен тренер во буквален превод значи тренер кој лично му посветува време само на одреден клиент за време на тренинг, односно клиентот е привилигиран да вежба само со мене за време на целиот тренинг. Со други зборови му посветувам многу внимание само на него.

Кои се придобивките од тоа да се вежба со личен тренер, односно зошто е подобро да се има тренер само за себе?

– Придобивките се повеќекратни, поддршка и мотивација – Една од задачите на личниот тренер е да знае за која цел сте почнале да вежбате и колку ви требало за да се „натерате“. Следење на напредокот – Ова подразбира стандардни процедури кои се однесуваат на основни мерења (антропометриски, фукнционални и здравствени ). Тренерот мора реално да ви ги каже цифрите за да знаете дали сте направиле некој напредок со него или не. Потоа, треба секогаш да има доволно голем и мотивирачки речник за да може да ги пронајде адекватните зборови во вистински момент и да ве охрабри како да продолжите понатаму. Да ве потсетува каде сте биле, а уште повеќе каде сакате да бидете.

licen-5Дали за да се добијат посакуваните резултати е потребно само да се вежба или треба да има и посебен режим на исхрана?

– Многу интересно прашање, едното без другото апсолутно не може. За посакуван резултат, треба многу жртва, така е во животот (кариера), така е и во фитнесот. Според многу истражувања исхраната е најважен дел од целиот процес, а најчесто и најтешкиот, но затоа е тука личниот тренер, да ве мотивира и да ви укаже дека не е толку тешко колку што изгледа, за да се јаде здраво.

Колку луѓето во Скопје сакаат да вежбаат и им е битно да изгледаат убаво?

– Едно да бидеме искрени, еве сите да си го поставиме прашањето за секунда, дали сакаме да изгледаме убаво? Ви гарантирам нема човек на светот што ќе рече не, но главното прашање тука е колку сме спремни да вложиме за да ја оствариме целта!?

licen-4

Дали скопјани вежбаат само за да имаат убаво тело во лето или навистина се грижат за здравјето?

– Браво, одлично прашање. Не знам што има длабоко врежано во психатата на секој мој клиент, но јас можам да ви кажам дека на секој му кажувам дека приоритет ни е здравјето. Вежбајки со мене, јас давам се од себе клиентот да биде психофизички поздрав, а со самите тренинзи телото, формата или изгледот како сакате, си доаѓа само по себе, секако ако сме доволни упорни и посветени.

Колку денови во неделата е доволно да се вежба а да не се претера?

– Зависи со која цел му приоѓаме на тренингот, дали вежбаме професионално, дали рекреативно, дали вежбаме да слабееме, дали за затегнување, дали се подготвуваме физички (кондиционо) и ред други можни комбинации. Врз основа на тоа јас го изготвувам планот за тренинг неделно, секако со консултации со мои професори на факултет, доктори и слично, затоа што никој не знае се нели? Но, ако треба да кажам една бројка, еве 4 до 5 пати неделно е доволно.

Доколу за време на нашиот разговор доволно се мотивиравте и одлучивте дека од денес почнувате да се грижите за својот изглед и здравје можете да го побарате Златко на телефонскиот број 078 215 999 или на неговата фејсбук стана. Тој ви гарантира оставрување на посакуваната цел до совршена фит форма.

(Н.Ј)