Реконструирана улицата „Браќа Чакреви“ во Ѓорче Петров

Улицата „Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров со должина од 330 метри и широчина од 6 метри е целосно реконструирана.

Со реконструкцијата, како што информираат од општина Ѓорче Петров, е променет коловозот, изградени се нови тротоари со широчина од 1,5 метри, изведена е нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм и  поставено е ново улично осветлување.

Средствата за реализација на проектот во висина од 10,8 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и општината Ѓорче Петров, а градежните работи ги изведува АД „Карпош“ Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here