Реконструкција на улицата Доситеј Обрадовиќ во Кисела Вода

Градежни екипи ангажирани од општината Кисела Вода започнаа со активности во урбаната заедница Цветан Димов. Ќе се реконструира улицата Доситеј Обрадовиќ, на потегот помеѓу улиците Иван Козаров и Дичо Петров. Ќе се обнови видливо оштетениот коловоз, кој е со ширина од 5,3 метри.

На истата улица ќе бидат поставени и нови рабници на тротоарите, а покрај асфалтирањето, предвидено е и подигнување на постојните шахти на соодветна висина. Целта на оваа реконструкција е да се обезбеди соодветен пристап до главниот влез на училиштето „Партенија Зографски“.