Реконструкција на подот на спортска сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Општина Кисела Вода информира дека почна реконструкцијата на подот на спортската сала во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Ќе се изврши поставување бетонска плоча, а дотраениот под ќе биде заменет со нов. Се работи за градежни зафати на површина од 440 метри квадратни, за кои општина Кисела Вода од својот буџет има издвоено околу 2 милиона денари.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска изврши увид во градежните работи и истакна дека по реконструкцијата учениците ќе имаат подобри услови за часовите по физичко воспитување.

Општина Кисела Вода соопшти дека за четири години во овој училишен објект биле инвестирани околу 1,9 милиони денари, со кои биле заменети сите прозорци во училиштето, биле реконструирани дел од тоалетите во училишниот објект.

Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ настава следат околу 900 учениц

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here