Ретро електричниот концепт на Honda влегува во производство

Honda отсекогаш била склона кон експериментирање со дизајн, па така воопшто не нè изненади веста дека Јапонците ќе почнат да го произведуваат автомобилот кој годинава како концепт ја освои публиката на саемот во Франкфурт.

Станува збор за концептот Urban EV, електричното изненадување со кое Honda планира да се вклучи во трката за освојување на пазарот на електрични автомобили.

Јапонците го препознаа фактот дека пазарот не бара само големи, туку електрични автомобили во секакви димензии. Во Европа се посебно популарни градските компакти, па Urban EV ќе се најде во продажба од 2019 година.