Револтиран жител на Сарај го фрли сметот пред зградата на општината – Фото

Еден жител на општина Сарај, револтиран затоа што локалната власт не го собира сметот како што треба, одлучи да им го однесе пред зградата на општината. Тој вели дека во оваа општина има голема дискриминација при собирањето на отпадот. Според него, се чистат само контејнерите од пред богатите куќи, а се избегнуваат сите останати иако сите ги плаќаат сметките за ѓубретарина.