“Сабрина, вештерка тинејџерка” и мачката Салем се враќаат на малите екрани

Популарниот хит од 90-тите години “Сабрина, вештерка тинејџерка” се враќа на малите екрани, но како долгометражен филм, што посебно ќе ги развесели сите оние кои уживаа во магичните трикови на главната протагонистка Сабрина Спелмен, нејзината тетка, мачката Салем…

Имено, популарната приказна ќе добие римејк на телевизиската мрежа CW. На проектот кој ќе ги донесе новите авантури на Сабрина Спелмен работи и куќата “Warner Bros”.

Сценариото за филмот ќе го пишува сценаристот Роберто Агире-Сакаса, а сè уште не е познато кога ќе започне снимањето ниту кој сè ќе биде дел од филмското остварување.

Во легендарната серија која беше емитувана во седум сезони, Мелиса Џоан Харт глумеше покрај Ник Бакај во улога на мачката Салем, Каролин Реа, Бет Бродерик и Нејт Рихерт.

“Сабрина, вештерка тинејџерка” е серија за вообичаените адолесцентски проблеми на една девојка, чиј живот потполно се менува кога таа ќе открие дека поседува вештерски моќи.

Освен фантастичните делови, серијата обработува и животни дилеми и актуелни теми, односно животот на една тинејџерка со магични моќи во средно училиште, а подоцна и на факултет.