Шакира и Пике направиле сцена: Пејачката се расплакала среде ресторан!

Кризата во врската на Пике и Шакира веќе не е тајна во Барселона, меѓутоа последната вест, која ја соопштува „Диарио“ ги надмина претходните.

Порано месецов, славната двојка требало да руча во ресторанот „Креп Нова“ во Барселона, а Шакира стигнала прва и 15-тина минути го чекала Пике на влезната врата. Фудбалерот дошол со двете деца, Саша и Милан, а Шакира, сведочеле очевидците, речиси и да не им обрнала внимание.

Седнале да јадат и Пике нарачал паста и торта од лимон за десерт, а кога ја прашал жена си таа рекла: Јас не сакам ништо.

Поминале само неколку минути и таа, колку и да се воздржувала, прснала да плаче. Сцената била неизбежна, а Пике додал масло во огнот. Не ја утешил, туку строго ѝ рекол да прекине, бидејќи се наоѓаат на јавно место.

Таа, пак, му одговорила дека постојано доцни секаде и дека веќе ѝ е преку глава од неговото лошо расположение, пишува „Диарио“. Плачела уште 15-тина минути и потоа прекинала, а наскоро го напуштиле ресторанот – одделно.

Оваа информација излезе во најлошо можно време за семејството, кога Шакира мораше да ја откаже големата светска тура „Ел Дорадо“, а Пике е на пик на шпанската јавност, поради јавното залагање за независност на Каталонија.