Се поплави подвозник во Сарај

loading...

Поплавување на подвозникот во висина од еден метар е регистрирани во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.

Поплавувањето е последица на дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и канализација.

Поради обилните врнежни од дожд и честите одрони сообраќајот отежнато се одвива на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица, информираат од ЈП „Македонија пат“.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови, информира АМСМ.

На патниот правец Р 2238 Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, а сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена е соодветна сигнализација.