Се реконструира улицата Јужноморавски бригади во Ченто

Градоначалниците на град Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на дел од улицата Јужноморавски бригади во населбата Ченто.

Улицата ќе се санира во должина од 920 и ширина од 6 метри, на потегот од семафорите кај паркот во Ченто до сервисот „Дамевски“. Се очекува наредната недела да почне асфалтирањето.

Трајановски рече дека оваа улица се реконструира како дел од акцијата за реконструкција на патната и комуналната инфраструктура во подрачјата зафатени од поплавата минатиот август.

На реконструкцијата на овој дел од улицата Јужноморавски бригади работат екипите на градежната компанија „Македонијапат“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here