Се самоубил градителот на Народниот театар во Скопје

Градењето на Народниот театар во Скопје започнало во 20-тите години на минатиот век, а објектот бил завршен и свечено отворен во 1927 година. Градењето траело долго, со многу финансиски и архитектонско-градежни перипетии и проблеми. Сето ова е поврзано со еден немил настан, кој е малку познат, а на пошироката јавност речиси ѝ е непознат. Имено, архитектот Сергеј Бељајевски, руски емигрант, кој во една од фазите при градењето на театарот бил главен раководител – се самоубил! Кој бил всушност Сергеј Бељајевски и која била причината тој да крене рака на себе? Зошто како повод се наведуваат погрешните финансиски пресметки и лошите градежни и архитектонски зафати при изведбата на зданието?

Дел од пластиката на Народниот театар

Во градењето на Народниот театар учествувале повеќе архитекти, Јосиф Букавац, Е. Бронштајн, С. Бељајевски, Димитрие М. Леко, Меснер и др. Секој од нив во еден период бил главен раководител на проектот. Проектант на театарот во Скопје бил Јосиф Букавац, архитект од Белград, кој имал големо искуство во градењето на театарските зданија. Како што наведува Ристо Стефановски, еден од најдобрите познавачи на историјата на нашиот театар, Букавац ги одредил основните параметри: градежната основа на објектот, протегањето на зградата паралелно со реката Вардар, главниот влез, сцената, гледалиштето да биде опкружено со ложи и една галерија и вкупен број од 588 седишта. Салата за репетиции требало да биде во задниот дел на театарот. Зградата имала главен влез за публиката, со мал плоштад пред него (што го паметат генерации и генерации скопјани), но и други влезови, оној откај кејот, како и влез за потребите на сцената и декорот.


Кога Букавац заминал за Белград, го заменил инженерот Бронштајн. Тој гледалиштето го изменил во форма на потковица, го намалил бројот на ложите, а го зголемил бројот на влезовите во салонот. Ја зголемил и висината на гледалиштето, со што се подобрила гледливоста од балконите. Интервенирал во формата и големината на фоајеата, гардеробата за публиката и другите помошни простории.

Повеќе прочитајте на Нова Македонија.