Секојдневно ќе се блокираат гранични премини во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира различни гранични премини во текот на наредните четири дена, информира МВР.

Од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ добиено е известување во кое се најавува дека секој ден ќе се одржува јавен собир со блокада на гранични премини. И тоа по следниот редослед: денеска во времето од 16 до 18 часот на ГП „Богородица“; утре во времето од 17 до 18  часот на ГП „Ќафасан“; в петок,  22 декември, во времето од 17 до 18 часот на ГП „Деве Баир“ и в недела, 24 декември, година во времето од 16 до 18 часот на ГП „Богородица“ соопшти МВР.