Селена Гомез стана русокоса – Фото

Вчеравечер во „Микрософт“ театарот во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Американските музички награди. Најголемо внимание на црвениот килим предизвика Селена Гомез, која се појави во со сосема поинакво издание, како русокоса. Новиот имиџ пејачката го дополнила со црн кожен фустан во стил на јакна.

Таа на црвениот килим се појави сама, без нејзиното старо-ново момче, Џастин Бибер.