Северина во посета на Македонија – Позираше во прекрасен црвен фустан

Популарната пејачка Северина Коиќ- Севе, повторно ја посети Македонија и веднаш им се пофали на своите следбеници.

Северина на „Инстаграм“ сподели фотографија во преубав црвен фустан на кој позира од Македонија.

img

Инаку Северина многупати до сега ја има посетено Македонија и секогаш говори колку многу ја сака нашата држава. Вечерва таа настапува во Кавадарци.