Шиц ги набои мустаќите, ветеранот на навивачите со нов имиџ во Загреб!

Некои од македонските фанови секој јануари се вообичаен декор од големите приредби. Популарниот Шиц не пропуштил натпревар на националниот тим, а во Загреб на трибина ќе се појави со нов имиџ.

Скопјанецот ги набои своите мустаќи во националните бои – црвена и жолта, Веројатно Шиц ќе биде магнет за многубројните фанови и препознатлив знак меѓу „Фалангата“.

Ви се допаѓа ли неговиот нов имиџ? Нема да биде единствен, стотици Македонци ги набоија своите лица и коси, ги спремија навивачките реквизити и билдаат атмосфера пред дебито.

Извор: Гол.мк