Силен земјотрес денес ја стресе западна Франција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денес го погоди департманот Вандеја во западниот дел на Франција, кој се наоѓа на 19 километри од местото Фонтена Ле-Конт.

Националната мрежа за сеизмички мониторинг (ReNas) објави дека земјотресот се почувствувал и во области на 40 километри оддалечени од Фонтена Ле-Конт, пренесоа француските медиуми.

Според медиумската мрежа „Франс инфо“, oва е најсилниот земјотрес регистриран во областа од април 2016 година.

Инаку вчера релативно силен земјотрес со јачина од 4.4 по рихтер ја погоди и Црна Гора. Ова беше којзнае кој во редот земјотреси кои го потресоа Балканскиот полуостров во последниов месец.