Škoda подготвува три нови кросовери

Компанијата Škoda подготвува нов сериозен удар за конкурентите, планира на пазарот да лансира дури три нови SUV-модели. Ова на одреден начин беше потврдено по презентација за кинеските дилери на марката.

Заедно со новиот Kodiaq на кинескиот пазар ќе се најде и негова верзија „крос-купе“, која е во стилот на BMW X4. Другите два нови автомобили засега се кријат под ознаките Model Q и Model K. За првиот се претпоставува дека ќе претставува новата генерација на Škoda Yeti, а ќе ги користи агрегатите на VW Tiguan и Seat Ateca. Што се однесува до Model K – тој ќе биде компактен, целта му е да влезе во костец со конкуренти како Hyundai Creta и Ford EcoSport. За да се постигне евтина цена, овој SUV ќе користи платформата на првата генерација на Yeti.

Сеуште не е јасно дали малиот кросовер ќе се нуди и на други пазари, освен кинескиот. Според експертите, е сосема можно Чесите да подготвуваат и модификација, наменета за Европа, но за неа ќе треба да се користи различна шасија. Најверојатно тоа ќе биде MQB-A0, на која ќе биде изграден идниот компактен кросовер на Volkswagen – T-Roc.