Скопјанец дошол дома и затекнал крадец во дневната па настанала драма, полицијата на нозе – исчезна жена болна од склероза

loading...

Во 23 часот и 20 минути синоќа, во СВР Скопје се јавил Д.Т. и телефонски пријавил дека на улицата „Македонска преродба“ во куќа, го затекнал 21-годишниот М.Д. како претура во дневната соба.

Полицијата информира дека откако крадецот забележал дека бил виден, истиот физички го нападнал скопјанецот по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на М.Д. одземени биле неутврдена сума на пари кои му испаднале додека бегал, а истиот по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во Полицијата во Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Исчезната жена – полицијата на нозе

На 12.02.2018 година во 13,30 часот во Полициската станица Валандово Ѓ.Ѓ.(57) од с.Јосифово, пријавил дека на 11.02.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата мајка З.Н. (79) од с.Горни Липовиќ, која боледувала од склероза. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Апсење на ГП Табановце

На 12.02.2018 година во 10,20 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во Р.Македонија од страна на полициски службеник бил лишен од слобода М.Г.(37) од с.Радолишта-струшко, затоа што при проверка во оперативна евиденција истиот се барал по телеграма од МВР-Одделението за потраги и телеграма од СВР Охрид, со мерка „лиши од слобода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ по чл.123 в.в. чл.19 од КЗ на РМ. Лицето со потврда за предавање на лице било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.