Скопје има нова мода-големи аукции, голема заработка но подготвен ли си на ризиците?!

Во Скопје во моментов е тренд да учествуваш во некој од многуте аукции кои генерално ги прават нотарите во своите канцеларии откако предходно мора да излезат во неколку дневни весници. На овие аукции најчесто учествуваат мал број на граѓани и во зависност од ситуација до ситуација можеш да профитираш огромна сум на пари.

Аукциите се различни за различни предмети, има аукции од уметнички предмети до запленети автомобили и станови. Во Скопје тренд е се повеќе луѓе и убав свет да гледаме на аукциите за скапи уметнички дела. Овој тип на аукции во зависност од „тежината“ на уметникот знаат да бидат и многу скапи, па уметничко дело да се продаде и за повеќе десетици илјади евра. Често на овој тип на аукции можеме да видиме да се наддаваат и многу луѓе од македонскиот џет сет што секако ја дига вредноста и популарноста. Најбитно на овие аукции е да имаш само контрола, да го одредиш буџетот и да не се занесеш и да те понесе моментот. Тоа е како коцка, доколку немаш ставено рамка можеш лесно да „изгориш“ што различно од човек до човек согласно со буџетот кој го поседува.

Друг тип на аукции кој успеа да збогати многу луѓе во Скопје се аукциите на запленета стока. Многу бизнисмени, луѓе со хипотекарни кредити по некогаш не можат да го издржат товарот наметнат од банките, прават погрешна проценка во инвестициите и банките или УЈП им ги запленуваат движните и недвижните работни средства.

Во ваков случај Нотар по налог на банката свикува аукција во најмалку два дневни весници, банката одредува почетна цена која вообичаено е далеку пониска од реалната на пазарот и тогаш почнува наддавањето. Во овие случаеви рамката ја диктира реалната вредност на предметот на пазарот, која за разлика од уметничките дела е мерлива. Најголемиот ризик за овие аукции е одложување на периодот на превземање на сопственоста од страна на купецот-победник на аукциите или конкретно за недвижностите, моментот кога ќе треба да ја „исфрлиш“ на улица фамилијата која ја изгубила недвижноста. На грб на овие аукции се збогатија многу Скопјани и оваа скапа игра знае да донесе голема заработувачка, но создава зависност од купување. Човечкото око е ненаситно и ретко кој влегол во овој бизнис излегол лесно.

Има и една анегдота кој кружи низ старите Скопјани, ние разговаравме со дедо Круме кој ја живее својата 86та година од животот. Дедото ни раскажува дека и во старо време ваквите аукции ги имало во Скопје, не регулирани на ваков начин но со иста цел и на нив учествувале само „крупните риби“ оние кои имаат многу пари а жртви биле сиромашните граѓани кои ги губеле своите домови. „Нема аир од таа работа“ додава дедо Круме, кој вели дека она што ќе го купиш на товар на сиромашна фамилија, на која тоа и е се, носи несреќа во животот. Мораш да си спремен и да се соочиш со фактот дека има ситуации во кои на мали дечиња им ја одземаш собата во која спијат што навистина носи голем профит но и голема тежина во дадени моменти.

Старо Скопје

Новиот начин на живот, капитализмот ја забрзаа оваа работа, ја регулираа законски и веќе ретко кој гледа на заработените пари дали се со „алал“. Битно е да се заработи и да се има што повеќе. Како ќе ги трошиме, дали ќе ги трошиме и кој товар го носат тие пари ретко кој во денешно време гледа. Доколку си подготвен да го голтнеш тоа еве ти добар начин на заработка, само прати ги редовно аукциите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here