Скопје пред катастрофалниот земјотрес во 1963 – Видео

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнат од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS), односно магнитуда од 6,1 степен и длабочина од 5 до 7 километри. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4.000 лица. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на целиот годишен буџет на Република Македонија.

Катастрофалниот земјотрес од 1963 година е последица од големата сеизмичка активност на Скопската Котлина. Имено, оваа котлина како и другите во Повардарието се дел од лабилната Вардарска тектонска зона (плоча) која е на самиот судир помеѓу огромната Африканска и Евроазиска континентална плоча (всушност целата територија на Македонија, Грција и Турција се во зоната на судирот).

Извор: Македонија Денес

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here