Скопје Север: Џамија ќе се гради на паркиралиште

По сè изгледа во Скопје Север се планира изградба на нова џамија на мал простор и на несоодветно место, т.е. на паркинг. Група граѓани од оваа населба покренаа иницијатива за изградба на овој верски објект во близина на високите згради. Велат дека собрале 910 потписи од жители во населбата, а потоа откако добиле одобрение на ИВЗ, тие биле доставени до општината Бутел како предлог за на тој мал простор да се изгради џамија.

„Успеавме да собереме 910 потписи преку петиција, која ја направивме во нашата населба и преземавме конкретни чекори. Поставивме знаци за да покажеме каде ќе се гради џамијата во Скопје Север. Повеќе од 95% од жителите сакаат џамија во оваа населба. Јас сум овластен од ИВЗ, во преговори сме со општина Бутел, моментално е мирно, нема против, така што преговорите продолжуваат“, рече организаторот Омер Рушиди.

Од општина Бутел за Алсат велат дека не можат да ја потврдат иницијатива или нејзиното можно разгледување.

Општина Бутел:

„Не можеме да потврдиме, ниту да негираме дали сме прифатиле такво барање. Ќе одговориме за неколку дена.“

Од друга страна, некои од граѓаните со кои зборувавме не знаеја што ќе се гради на заградениот простор.

„Има иницијатива за градење на мала џамија. Колку што сум информиран, имало петиција, друго ништо не знам.“

„Не знам. Дојдете вечер и прашајте ги организаторите“, рекоа анкетираните граѓани.

Од ИВЗ ја потврдуваат иницијативата и велат дека паркингот не е на становите, туку е див. Сепак, дел од жителите имаат резерви околу местото наменето за џамија, а исто така се сомневаат и во собраните потписи бидејќи во петицијата никогаш не стоело точното место, туку само позитивното изјаснување да се изгради џамија.

Извор: Алсат М

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here