Славниот француски писател Давид Фоенкинос гостува во Скопје!

Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Или-Или“ во понеделник 20 ноември 2017 год., во 12 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје, ќе одржат книжевна средба со славниот француски писател Давид Фоенкинос. Авторот, кој во 2014 година ја доби престижната книжевна награда „Ренодо 2014“ за романот „Шарлота“, ќе биде присутен на настанот заедно со Стефан Фоенкинос, режисер и сценарист.

За време на книжевната средба, ќе биде промовиран и преводот на македонски јазик на романот „Деликатност“, во издание на „Или-Или“.

За настанот е обезбеден и консекутивен превод.