Следната недела пак ке поскапи бензинот?!

Растот на цените на суровата нафта на светските берзи за околју 3 проценти се очекува да влијае и врз цената на горивата во Македонија, па така сосема извесно е дека како што и претходно прогнозиравме дека литар дизал ќе ја надмине цената од едно евро на македонските бензиски пумпи.

Се очекува да се одржи нова седница на Комисијата за енергетика која ќе решава за новата цена на гориавата при што сосема можна е корекција на дизелот кој сега чини 59,,5 денари по литар.

Исто така постои можност од следната недела да добиеме и повисоки цени на бензите кои ќе го достигнат веќе прагот од 70 денари. ЕУРОСУПЕР БС 95 сега чини 66,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 се продава за 68,5 денари.

Главната причина за растот на цената на нафтата на светските берзи е стабилизирањето на понудата која сега има прифатливи стапки на профитабилност откако повеќе земји на ОПЕК картелот договорија да ги намалат за одредена количина производените барели.

Вообичаено растот на цената на нафтата е индикатор за економски раст и подобрување на економските услови особено ако истата цена не е крената поради геополитички фактори или ценовни шокови, но кај инвеститорите и натаму има одредена доза на резервираност за да не се брза со заклучоците, особено при можни инфлаторни влијанија кои нема да бидат поволни за посиромашните слоеви на население кои немаат личен раст на потрошувачката на енергија.