ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност, температури до 30 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 29 степена.

Од утре следува период на стабилно време со постојан пораст на дневната температура која во деновите од викендот на повеќе места ќе надмине и 35 степени. УВ-индексот во наредниве денови повторно ќе има многу високи вредности.