СОНУВАТЕ ЗА СВИЛЕНКАСТО ПРАВА КОСА: Овие трикови ќе ве воодушеват

loading...

Додека жените со права коса размислуваат за тоа како да ја направат виткана, жените со кадрава коса сонуваат за тоа да направат свиленкасто рамна. Многу уреди можат да ја оштетат структурата на косата, и не можете секогаш да бидете сигурни во ефектот на хемиските постапки за зацрвстување на косата.
Ние одбравме неколку природни начини за да ја исправите вашата коса кои сакаме да ги споделиме.

Соодветното обликување започнува додека се туширате

Не е шега. Не можете да напрвите добра фризура без добар шампон и балсам. Во овој случај, бидете сигурни дека ќе одберете производи кои содржат кератин, кој е добро познат по доброто зацрвстување.
По миењето на косата, користете крпа направена од високо абсорбирачки материјал. На пример, од антибактериски бамбус.
Многу нежно, исушете ја косата со пешкир за да избегнете нејзино оштетување. Внимателно избришете ја со крпа по должината за да го отстраните вишокот на влага.

Изберете го соодветниот вид на чешел

Не користете тркалезни четки, бидејќи тие се направени за да ја виткаат косата, особено на краевите.
Да ја исчешлате косата правилно, користете чешел со широки забци- одличен е за да ја развлечете косата. Можете дури да го користите и во тушот.

Исправете ја вашата коса со чешлање

Оставете ја вашата коса се исуши природно по тушот, но не заборавајте да ја чешлате на секои 5 минути. Поделете ја на неколку делови и малку повлечете го секој дел, така што вашата коса останува во права форма. Можете да користите и фен.

Коњското опавче може да помогне да ја совладате тврдоглавата коса.

По правилното миење почекајте додека вашата коса е најмалку 70% сува и направете ниско коњско опвче Ако имате делови што паѓаат надвор, поправете ги со шноли. Исчешлајте го коњското опавче, како не би имало заплеткани делови.
Користете неколку делчиња од косата за да ја фатите на секои 5-7 см (бројот на делови зависи од должината на вашата коса). Покријте ја главата со свилен шал, и почекајте додека вашата
коса е сува. Потоа извадете го шалот и отстранете ги сите шноли. Исчешлајте ја косата. Повелете!

Или можете да ја искористите тајната на жените од Латинска Америка

Во Латинска Америка, жените имаат своја тајна за права коса, а техниката се вика “Ла Тока”. За да се обикува кадравата коса, жените од тропските земји ја мијат косата, ја сушат со ладен воздух и ја навиткуваат речиси сувата коса околу главата, фиксирајќи ја со шноли. Следното утро тие се будат со права сјајна коса.

Научете повеќе за козметичкото исправување

Креми за зацврстување и серуми
Тие треба да се нанесуваат по должината на косата и да се остават да се исушат. Овие производи заштитуваат од УВ зраци, оштетување и горење на структурата на косата. Единствениот недостаток е тоа што тие не можат да се користат со фарба за коса бидејќи таа го сопира кремот од влегување во јадрото на косата. Така, ефектот нема да биде забележлив.
Спрејови за исправување и масла за мазнење
Тие можат да се применат и за влажна и сува коса. И покрај погодноста за користење на спрејови, тие имаат непријатна маана: повеќето од нив содржат силиконски и други штетни состојки кои се натрупуваат во косата и ја оштетуваат од внатре. Од друга страна, маслата добро функционираат и за зацрвстувањето на косата и заштитата од топлина.

Користејќи маски за коса редовно ќе ја направите вашата коса изгледа свилена и мазна.

Маска со 3 масла
Измешајте маслиново масло, рицинусово масло и масло од репај во еднаква количина. Количината на масла зависи од должината на вашата коса и нејзината дебелина. Миксот треба да се загрее и да се нанесе на целата должина на вашата коса. Замотајте ја косата во топла крпа и задржете ја маската 40 минути.
Маска од маслиново масло
Ако ги немате сите видови на масла споменати погоре, можете да користите само едно. Загрејте 3 лажици маслиново масло, и ставете ги на вашата коса. Покријте ја косата со пластична обвивка за да создадете мини “ефект на стаклена градина”. За подобар ефект, оставете ја маската преку ноќ и измијте ја косата наутро (иако може да е малку тешко да се измие маската). Можеби ќе треба да нанесете шампон неколку пати за да го измиете маслото правилно. Можете исто така да ја исплакнете косата со 1 литар топла вода со сок од лимон.

Уште еден мал помошник: безбојна хена

Друг популарен производ што многу жени со кадрава коса го користат е хена. Таа ја прави структурата на косата малку подебела и, како резултат на тоа, станува потешка и поправа. Исто така може да се користи за лекување на првут и спречување на расцветување на краевите.

Јаболков оцет како природен исправувач

Косата, исто така, може да се исправи со јаболков оцет. Измешајте 2 супени лажици јаболков оцет и една чаша вода и ставете го во шише. Испрскајте ја измиената коса по целата должина. Оставете го неколку минути, а потоа исплакнете со топла вода. Можете да направите спреј за идна употреба со мешање на половина чаша јаболков оцет и 1,5 литри топла вода. Потоа, само прелијте ја мешавината во шише со прскалка и користете го секогаш кога сакате косата да е исправена.
Дали користите некој од триковите споменати погоре? Можеби имате свои природни тајни за да ја направите вашата коса свилена и мазна. Споделете ги вашите тајни во коментарите.