Сообраќајот се одвива по суви коловози и со умерен интензитет

loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Исто така од АМСМ предупредуваат дека на патниот правец А2, Стругa- граничен премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местото Добра Вода кај село Франгово (во должина од 3 километри) пожелно е исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.