Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Според информација од Виадукт трејд од 27.07.2017, поради поставување канделабри на делницата Хиподром – Кадино, левата сообраќајна лента е затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд – ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р – 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија се вози по регионалниот пат.

Виадукт Трејд на 17.07.2017 известува дека се изведуваат градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин Богородица до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК ДООЕЛ – Скопје известува дека ги изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 год.

ГД Гранит информира дека од 27.06.2017 година се започнува со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци, односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани). Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5км. Измената започна на 02.06.2017 од 15:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани).

Виадукт Трејд на 11.05 извести дека се изведуваат градежни активности – електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2 Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистралниот пат А2, Делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900, односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државниот пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204.

Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по ново изградената десна коловозна лента.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Патниот правец Р – 2332 Ресен – Охрид и обратно (преку национален парк Галичица) од 19.05.2017 е отворен за сообраќај за возила со вкупна тежина до 3.5 тона.

Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН (Од 1 април 2017 година)

Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 -18:00 часот
Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 -20:00 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here