Стилска лекција: 7 работи кои ги носат самоуверените жени

Самодовербата е нешто кон кое тежнеат сите жени. Свесни сме дека тоа не се постигнува така лесно, но сепак изгледот е една од клучните работи кои влијаат на тоа како се доживуваат жените.

Постојат неколку заеднички нешта за жените кои зрачат со самодоверба каде и да се појават.

Откриваме што тие носат за да изгледаат привлечно:

Црвен кармин

Црвениот кармин е безвременска класика која докажано го подобрува расположението и со него никогаш нема да згрешите.

Впечатлив накит

Одберете впечатлива алка, масивен ѓердан, големи обетки или неколку интересни прстени. Накитот ѝ дава стилски печат и на најдосадната модна комбинација.

stilska-lekcija-7-raboti-koi-gi-nosat-samouverenite-zheni-02.jpg

Секси долна облека

Немојте да мислите дека она што не се гледа не е толку важно. Кога носите убава долна облека, се чувствувате поубаво и попривлечно, а тоа секогаш зрачи и се забележува од надвор.

Нова фризура

Не се мислете – правете промени со косата често. Променете ја бојата или скратете ја долгата коса. Ќе ви го освежи целокупниот изглед, а може да означи и почеток на нови работи во вашиот живот.

Удобни патики

Да, сите жени сакаат високи потпетици, но удобноста на омилениот пар патики не може да се мери со ништо. Патиките не се наменети само за спортски активности. Тренди жените комбинираат интересни модели на спортски патики со фустани, сукњи и панталони.

stilska-lekcija-7-raboti-koi-gi-nosat-samouverenite-zheni-03.jpg

Природно виткана коса

Природните благи локни се сензуални и женствени, па доста ја фенирате и пеглате косата за да биде права. Ако имате природно виткана коса или коса која не е целосно права и ја носите каква што е, ќе зрачите со шарм и ќе изгледате шик.

Насмевка

Сите набројани нешта можете да ги купите со пари, само насмевката не. Ништо нема да ве направи поубава и попривлечна од широката, искрена насмевка со која оддавате впечаток дека сте позитивна личност која ужива во животот. Колку повеќе се смеете, толку се поголеми и здравствените придобивки од смеењето.

Извор: Црнобело