Што слуша канадскиот премиер ова лето?

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави на сајтот Спотифај плеј-листа од песни, кои ги слуша ова лето.

Меѓу омилените изведувачи на премиерот се Дрејк, Фијона Епл, Питер Габриел, Нене Чери.

– Што слушам ова лето? Што би требало?, напиша тој на англиски и француски кога ја објави листата на Твитер.

Трудо (45) не е првиот светски функционер, кој објавува листа песни на сајтот Спотлајф. Пред него тоа го направи поранешниот претседател на САД, Барак Обама.