Свадбена зимска бајка со венчаниците на Зухаир Мурад – Галерија

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад во свадбената колекција за есен-зима 2018 продолжува да импресионира со венчаници кои го рефлектираат неговиот препознатлив знак – употреба на раскошни ткаенини и истакннување на женствената силуета. За оваа колекција тој употребува свилен шифон, тантела, тул и вез со кристали, во боја на слонова коска, шампањ и пудресто розова. Со нив креира различни форми на венчаници, од балски до провокативно проѕирни со наметка од тантела, но нуди и други опции како модели со длабоко деколте, со спуштени рамена или со потрадиционален изглед.