Тамара Тодевска: Мојот сопруг ми е љубов, но и мој херој

Македонската пејачка Тамата Тодевска е една од новопечените мајки на нашата естрада е како што постојано споделува фотографии од среќните моменти со семејството изгледа дека оваа улога одлично и прилега и годи.

#hana & #cezar #endlesslove #dogandbaby #cutnessoverload ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

-Вистински уживам во мајчинството. Мојата професија дозволува да бидам мајка која не мора да се одвојува од своето дете поради работата. Уживам и се радувам што имам прекрасно семејство. И сето ова не ме промени многу, но ми даде фокус и мој центар на светот. Ништо не ми е поважно од Хана и тоа таа да биде здраво и весело дете. Инаку, Хана многу сака да пее и да слуша музика. Ужива во дружба со сите членови на нашето семејство и постојано е на релација Скопје – Гевгелија. Во Скопје ја галат и размазуваат моите родители, во Гевгелија за тоа се задолжени свекорот и свекрвата, но за тоа и служат бабите и дедовците, за да ги разгалуваат децата. Добивам голема помош и од сопругот, кој е моја љубов, но и мој херој. Спортистите и дисциплината која ја имаат додека растат ги прави сосема поинаков тип на мажи. Тие можат се и прават се на спортските терени, но такви се и дома, – открива пејачката за Вечер, која непосредно пред да остане бремена го промовираше вториот албум “Тажна љубов, среќна песна”, со трудничко стомаче одржа спектакуларен концерт во арената “Борис Трајковски” во Скопје, а после само неколку месеци од породувањето им се врати и на настапите и не направи класична пауза како што тоа го прават повеќето тазе мајки.

U will always be my true love… ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

https://www.instagram.com/p/BW1xqstAVUD/?taken-by=tamaratodevska

https://www.instagram.com/p/BZmW__6gQye/

Целото интервју прочитајте го ТУКА.