Телото на исчезнатиот радовишанец најдено во водите на браната „Мантово“

Телото на Р.А. (30) од селото Дедино, кој се водеше како исчезнат е најдено вчера околу 14 часот во водите на браната „Мантово“, од каде го извадила нуркачка екипа од Единицата за специјални задачи.

Екипа од итна медицинска екипа констатирала смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here