(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Македонија

Повеќе лица се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на патот Струмица-Радовиш.

-Синоќа околу 20:20 часот на патот Струмица-Радовиш помеѓу селата Јаргулица и Покрајчево се случи тешка сообраќајна несреќа во која 4 лица се посериозно повредени а три се здобиле со помали повреди, пишува Струмица денес.

Сообраќајот на магистралниот пат А-4 бил во прекин, а возилата се упатувале по локален пат.