Тој е најмладиот милијардер на светот: За неговата компанија не слушнал никој, а вработува 750 луѓе

27-годишниот Џон Колисон од Ирска, е најмладиот милијардер на светот, кој своето богатство го стекнал сам.

“Луѓето често ме прашуваат колку сум богат и чувствувам дека секогаш сакаат да слушнат некој интересен одговор – а јас немам што да им кажам”, вели Колисон.

Џон Колисон, заедно со својот 29-годишен брат Патрик, ја основал софтверската компанија “Stripe”, за која повеќето луѓе воопшто не слушнале.

Основана во 2011. година, “Stripe” не е претерано позната бидејќи не продава работи кои потрошувачите ги купуваат. Софтверските системи им овозможуваат на клиентите ширум светот полесно да го завршуваат он-лајн плаќањето и да ги водат своите веб страни.

Со повеќе од 100.000 клиенти, се проценува дека компанијата вреди речиси 8 милијарди евра.

Браќата Колисон доаѓаат од руралниот дел на Ирска, а и двајцата го напуштиле тамошниот факултет.

Уште како тинејџери биле заинтересирани за компјутерски програми. Патрик се пријавил на студии по математика на престижниот универзитет во Масачусетс. Две години подоцна, Џон бил примен на Харвард.

Денес, “Stripe” има 750 вработени – 500 во Сан Франциско и 150 во странство, вклучувајќи европски канцеларии во Даблин, Лондон, Париз и Берлин.