Тој пејач, таа пејачка: Се свршија на Божиќ – ова е новата брачна двојка на македонската естрада (ФОТО)

Магијата за време на новогодишните и Божиќните празници дополнително ги буди сите убави чувстава во нас, особено оние љубовните.

Божиќ е празник кој повеќето го минуваме дома со најблиските, но некои практикуваат да отстапат од традицијата и да заминат на некое зимско патување, секако со саканите.

Фолк пејачката Анастасија Петреска и нејзиниот сакан, пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски, решија празничниот период да го минат во Бугарија, а таму да ја официјализираат својата љубов.

Имено, вчеравечер на социјалните мрежи естрадната двојка се пофали дека нивната врска доби нова димензија, а Анастасија го покажа и вереничкиот прстен на раката.

Ова зимување ќе го паметат по многу убави доживувања и искуства, но најмногу по чинот на запросувањето.

Инаку, Анастасија и Владимир својата врска во медиумите ја обелоденија пред околу седум месеци.