Трошоците на живот во август се зголемиле за 1,9 отсто

Трошоците на живот во август годинава, во споредба со август лани, биле поголеми за 1,9 отсто, а цените на мало за 4,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според овие податоци трошоците на живот бележат раст од 0,4 отсто, а цените на мало за 0,9 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на живот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,6 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо за 1,5 отсто, месото за 0,9 проценти, изнутриците за 0.8 отсто, другите преработки од месо за 0,6 проценти сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 отсто, млекото за 0,4 проценти рибата и морските плодови за 0,2 проценти.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е евидентиран и кај авионскиот превоз на патници за 21,7 отсто, болничките услуги за 5,7 отсто, велосипедите за 4,9 проценти, гасот за домаќинствата за 3,8 отсто, течните горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2,7 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства.

Пораст има и кај услугите за рекреација и спорт за 1,7 отсто; градините, цвеќињата и растенијата за 1,5 отсто, предметите за лична хигиена и здравје за 1,1 отсто, услугите за лична, хигиена за 0,9 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 проценти, цврстите горива за домаќинствата,стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,5 отсто, резервните делови и опрема за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0,3 отсто, облеката и услугите за одржување на станот за 0.2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2,5 отсто, оризот за 1,4 отсто, брашното и другите жита и јајцата за 1,2 отсто, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,9 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 отсто и другите пекарски производи за 0,6 отсто.

Намалување има и кај централното греење на домаќинствата за 2,5 отсто, обувките за 2,2 отсто, информатичката опрема за 0,9 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0,6 проценти, стоматолошките услуги за 0,4 отсто, текстилот за домаќинствата и поправката на електричните апарати за 0,2 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here