Трикови за бравата, стаклата и вратите од автомобилот никогаш да не замрзнат!

Доаѓа зимата, а со тоа и најголемиот проблем на возачите – замрзнувањето на автомобилот. Еве неколку практични совети како да не ви замрзнуваат стаклата, вратите и бравата од автомобилот:

Секогаш паркирајте кон исток
Предната страна треба да ви биде свртена кон исток за утринското сонце да го стопи мразот на шофершајбната.

Употребете алкохол и сапун
Направете течност за одмрзнување. Во шише ставете литар алкохол, еден децилитар вода и детергент за миење садови и добро промешајте. Исто така може да наполните шише со распрскувач алкохол и вода во размер 2:1.

Заштитете ги бравите од замрзнување
Користете WD40. Вшприцајте во бравата и нема да замрзне преку ноќ/

Спречете замрзнување на вратите
Многу е едноставно. Се што треба да направите е да ја премачкате гумата околу варата со некаква маснотија како глицерин, вазелин, растително масло и слично.

Против мразот на стаклата
Доколку немате никаков алат при рака, а вашите стакла се замрзнати може да ја употребите вашата картичка. Малку ќе потрае, но на крајот ќе успеете.

Чорапи на брисачи
Навлечете стари чорапи врз брисачите за наутре да не ги најдете залепени врз автомобилот или едноставно подигнете ги за да не го допрат стаклото.

Ретровизорите?
Надворешните ретровизори нема да замрзнат ако врз нив ставите пластични кеси.

Картон врз стаклата
Ова е одличен начин за да се спречи замрзнати стакла. Наместо картон, може да ставите и стари крпи. Ако ви замрзнат, никогаш не ги полевајте со топла вода бидејќи може да пукнат.