Трујат кучиња со игли и шрафови во месо кај Ново Лисиче – Фото

loading...

Граѓани на социјалните мрежи објавија слика од отровно месо поставено кај патеката покрај Вардар во Ново Лисиче. Месото е наполнето со игли и шрафови кои се смртоносни за уличните кучиња, како и за домашните миленици.

Според информациите кои Фактор ги доби од револтирани граѓани во последните неколку дена усмртени се три кучиња. Тие бараат надлежните институции да ги разрешат овие случаи на нехумано постапување кое претставува голема опасност.

Труењето на кучињата, што впрочем е и кривично дело продолжува, а се почесто се појавуваат и случаи на манијакално однесување меѓу дел од граѓаните, кои убиството на животните со труење не им е доволно, па ги обезглавуваат кучињата и лешовите ги расфрлаат по улиците.